Изминатио викенд македонскот актер, водител и пејач Жарко Димоски ги изненади своите следбеници, барем оние што не знаеја, дека станал татко за првпат.
Жере и неговата сопруга Андреа преку специјална фотосесија обзнанија пред јаноста дека станале родители на машко бебе.
Мама и тато најпрвин ги подредија фотографиите од последните денови на бременоста, а потоа следеа и оние со наследникот кој веќе е меѓу нив.
Гордите родители се одлучиле на синот да му го дадат името Вито, кое има латинско потекло и значи живот.
Се повеќе јавни личности не го заобиколуваат трендот на фотосесија во бременсота и кога бебето ќе дојде на свет, а познатиот македонски актер и неговата сопруга не го исклучија.
Жарко и Андреа не сакаа пошироката јавност да знае да бременоста, а веќе еден месец се во проширен состав.
Тие дури сега се решија да ја откријат убавата вест преку комплетна фотосесија кога веќе сите се на број.
За потсетување, Жарко и неговата избраничка пред три години имаа и венчавка во Хрватска, но поради корона пандемијата чекаа некои подобри времиња за да ја реализираат свадбата која се случи лани во месец мај.
Честитки, да е здрав и жив Вито!
Фото: Инстаграм принтскрин/Жарко Димоски „Photo factory“