Од 2023 година остануваат уште малку денови пред да ја испратиме и да ја дочекаме Новата. Во очи на претстојната година, за познатите најчесто читаме сублимат за она што им се случило во животот изминатите месеци, професионално и приватно, па и за тоа по што тоа ќе ја запаметат.
Селекцијата на доброто, повеќе или помалку лошото, па и она измеѓу, најчесто е срочено не’ така едноставно и со неколку збора.
За поп пејачот Даниел Кајмакоски оваа година нештата се поедноставени и собрани во еден кадар со поглед низ објективот од фото апаратот.
View this post on Instagram
Годината за Даниел беше од убава – поубава. Се заљуби, се ожени, си ја здоми невестата, а неколу месеци подоцна си доби и синче, од убаво поубаво.
Музиката секако не беше изоставена, но со приоритет на највретното – семејството!
Даниел не многу преферираше да зборува во медиумите за тоа што му случува, но затоа на социјалните мрежи беше активен повеќе од кога било.
Првата средба со наследникот, првата прегратка, првиот летен одмор, првото патување во Австрија кај баба и дето…
Се’ тоа документирано како фото спомени создани со многу љубов за кои Даниел сакаше да знаат и да видат сите.
Сега за празничната магија не му требаше ништо друго освен неговите две најдгргоцени и најважни нешта, Стефан и Марина.
Совршен кадар во кој немаше потреба да додаде или одземе ништо повеќе за испраќање и сублимирање на она најубавото што му се случи во 2023 година.
фото: Instagram printskrin/ daniel_kajmakoski