Љубов и Секс

Дали сте и вие еден од оние парови кои повеќе немаат интимни односи?

Дали сте и вие еден од оние парови кои повеќе немаат интимни односи?

Дури десет отсто од брачните парови на возраст меѓу 36 и 55 години престанале да имаат интимни врски.

Експертот за врски Трејси Кокс вели дека ова може да доведе до развод.

Во студијата спроведена од колумнистката Сузи Годсон, дури 44 отсто од анкетираните парови на возраст од 36 до 55 години имаат интимни односи еднаш неделно. 32 отсто од нив изјавиле дека имаат секс еднаш месечно.

Единаесет проценти од паровите признале дека имаат секс со партнерот еднаш годишно, додека девет проценти од нив престанале да практикуваат такви односи.

Само четири проценти од паровите рекле дека водат љубов секој ден.

Овие резултати се тесно поврзани со честите разводи, бидејќи ако имате добра и квалитетна сексуална врска, таа носи 20 проценти повеќе задоволство од вашата врска или брак.

Меѓутоа, кога паровите ќе престанат да уживаат под покривката, врската нужно почнува да страда.

– Интимниот чин прави да се чувствуваме пожелно, привлечно, психички здраво и го стимулира нашиот живот – рекла Трејси.

– Ако престанете да разменувате нежности, ризикувате и двајцата да го посакаат истото со некој друг – додаде таа.

– Затоа, пред уште еднаш да одбиете секс со партнерот затоа што и на двајцата не ви е до тоа затоа што сте заедно со години и се изгледа како еден голем напор, ве советувам да размислите двапати – заклучува таа.

извор:попара.мк