14-ти јули, денот кога пред два месеци за пејачката Антониа Гиговска и за нејзиниот сопруг, музичарот Роберт Спасенцоски се промени се’ – на свет дојде нивниот наследник, синчето Киан кој сега е центарот на нивниот универзум. Тазе остварената мама иако е активна на социјалните мрежи, за медиумите остана резервирана за повеќе детали откако се породи, но се досега. Таа во ексклузивно интервју за Вистина.мк откри нешто повеќе за првите денови како мајка, како поминало породувањето, новата најголема улога, враќањето на сцената и сл…
Како си Антониа, како е Киан? Опиши ни ги твоите емоции од првите денови како мајка…
– Супер сум и јас и Киан. Првите денови како мајка беа исклучително тешки но преубави, сфакаш дека нема нешто поубаво на светот од свое дете.
Сега си капетан на брод кој почна да плови по море кое нема константа, ја добиваш ли потребната поддршка?
-Поддршката ја добивам и сум неизмерно благодарна на сите кои што се до мене и Киан.
Што замислуваше, а што се случи на породувањето, како помина?
– Имав страв од породувањето и тој цел процес, меѓутоа се пројде во најдобар ред, се породив со царски рез поради тоа што не можев природно, но во секој случај од моето позитивно искуство кога би се породила пак како за првпат би одбрала повторно царски рез. Сега очекувам да добијам коментари како, јас не знам што е мајчинство и што значи да се породиш природно, но ке се одбранам и јас и сите оние кои се породиле со царски рез, тоа не не’ прави помалку мајки од оние што го поминале природно процесот – болките се исти, можеби и посилни.
Која беше првата мисла што ти помина низ глава кога првпат го виде бебето кое 9 месеци го носеше во утробата, може ли да се опише тоа чувство?
– Чувството не се опишува, не можев да дојдам до збор, бев возбудена и со измешани емоции на страв и возбуда. Кога го видов тоа носе се заљубив на прв поглед.
Како дојде до изборот за името Киан?
– Имавме многу имиња на листата, меѓутоа се одлучивме за Киан затоа што има убаво значење и не е многу често, а во превод знаци “Крал”.
Првите месеци се полни со непреспани ноќи, подговтвен ли е сопругот за рамноправна и еднаква обврска?
– Ни беше тешко и напорно првите три недели додека се привикнеме на ритамот на Киан и тоа неспиење затоа што претходно бевме некои кои што легнуваа во пет, а сега сме тие што стануваат во пет часот наутро. За среќа Киан е спанко, па станува еднаш или двапати во текот на ноќта.
Беше активна трудница, но си даде пауза од кариерата, каков е планот за камбек, се размислува ли на тоа сега?
– Секако… Се’ е одприлика спремно, па во многу скоро време ќе го најавам моето враќање на сцената.
Те споредуваа со Ријана поради храбрите труднички стајлинзи, ти пречеше тоа, негативните коментари на социјалните мрежи или ти беше задоволство таквата компарација?
– Нормално дека не ми пречи, за мене е комплимент, Ријана е модна икона. Во секој слуцај никогаш не копирам, и секогаш сум своја, секогаш сум Јас. Коментарите се нешто кое што секогас треба да ги има без разлика дали се позитивни или негативни.
Што те опушта во моментот и како се справуваш со непознатото и мајчинските стравови?
– Веке немам страв за ништо и ништо не ме плаши, поготово кога е во прашање Киан. За среќа тука е музиката што секогаш ме опушта.
Важеа ли за тебе првите 40 дена да се поминат дома со бебето?
– Искрено не, си излегувавме и се шеткавме од причина што мислам дека на секое бебе му треба воздух и промена на средина. Не го мешавме со многу луѓе во близок контакт до 40 дена освен најблиските, но излегувавме да свртиме два, три круга во парк или околу зграда.
Што би им кажала на мајките кои наскоро треба да се породат за првпат?
– Ги чека нешто преубаво во животот, нешто за кое што вреди секој страв што го имаат. Да се има дете е благослов, така што мајки бидете храбри и спремете се за ролеркостер на емоции. Ќе плачете од среќа, ќе плачете без причина, ќе плачете затоа што не знаете што му е и зошто плаче , но се тоа поминува и подоцна веќе знаете кој плач за што е. Само храбро!
12. Порака до твоите фанови…
– Едвај чекам да слушнат што спремам, и се надевам дека нема да ги разочарам.
фото:Приватна архива