Се повеќе жени кои влегуваат во средни години помалку размислуваат за секс.
Истражувањето објавено во магазинот Journal of Sexual Medicine покажало дека 70 отсто од Австралијанките меѓу 40 и 65 години имаат ниско либидо.
Бројката е поголема од очекуваната врз основа на претходните истражувања.
Испитаниците исполниле прашалник давајќи информации околу сексуалните активности во последните четири недели. Резултатите под 5.00 биле оценети како лоши, кога е во прашање нивото на заинтересираност за секс.
Докторката Роси Ворсил од Универзитетот Монаш која го водела истражувањето истакнала дека овој проблем е познат и од порано, но дека бројките се изненадувачки големи.
„Тоа е причина поради која многу жени треба да бидат загрижени“, изјави Ворсли.
Причините за недостатокот на сексуална желба можат да бидат болест, лекови или разни хормонски промени, но и тоа како погледот кон сексот се менува со текот на годините.
Сексуалниот терапевт и советник за врски Синди Дарнел верува дека не станува збор за недостаток од уживање, но дека потребата за секс кај поголемиот дел од жените не е примарна, дури не е ни важна.
„Тоа не значи дека не сакате или не сте во состојба да уживате во сексот. Тоа значи дека не постои физиолошка потреба, но може да се појави подоцна, доколку почне да се практикува“. Објаснува Дарнел.
Влијание на тоа имаат и физичките симптоми кои се јавуваат за време на менструалниот циклус – нервоза, умор или болки кои исто така можат да ја ублажат желбата. Стресот, недостатокот на приватност, долгите врски, родителството исто така треба да бидат земени во предвид.
Ниту лошите сексуални искуства не треба да бидат запоставени.
Сопственикот на најстариот секс шоп во Австралија Маурин Метјус истакнува дека незадоволството во сексуалните односи после подолго време може да доведе до избегнување на таквите ситуации, пренесува Independent.
Како жените да пронајдат решение за овој проблем?
„Кога ќе добиете мотивација тогаш сте во подобра позиција да ги промените работите на подобро. Како кога во ладните утрински часови треба да одите на тренинг во теретана. Првите десет минути кои го подразбираат будењето, облекувањето и излегувањето од станот се вистински пекол“, вели Дарнел.
„Никој не го сака тој дел, но луѓето го прават тоа бидејќи знаат каква корист имаат од тоа. Истата работа се случува и со сексот“, додава Дарнел.
извор:кајгана