Убавината е во окото на тој што гледа, истото може да се каже и за привлечноста. Кога станува збор за изгледот, работите не треба да ги генерализираме. Секој има различен вкус и сосема поинакви работи во нас може да предизвикаат чувство на копнеж кон друга личност.
Многу истражувачи досега се занимавале со оваа тема со цел да откријат во кои години од животот мажите и жените се најпривлечни.
Сосема очекувано, ситуацијата е поинаква во зависност од полот. Според истражување на професорката Елизабет Брач од Универзитетот во Мичиген, мажите во очите на жените во просек се најпривлечни околу педесеттата година од животот. Поточно, периодот на нивната најголема привлечност почнува од четириесеттите години и врвот го доживуваат во педесеттата.
Од друга страна, истражување на жени покажа дека периодот на најголема женска привлечност почнува по осумнаесеттата година и со текот на година само опаѓа.
Податоците од друга студија потврдија дека повеќето мажи привлечноста ја изедначуваат со младоста и сметаат дека жените во просек се најпривлечни во дваесет и третата година од животот.
извор: кајгана