Љубов и Секс

Задоволете ги овие 5 брачни потреби и не плашете се од развод или неверство

Задоволете ги овие 5 брачни потреби и не плашете се од развод или неверство

Американскиот истражувач, психолог и автор на книгата „Неговите потреби, нејзините потреби: Градење брак без измама“, Вилард Хедли, спроведе експеримент во кој учествуваа повеќе од 800 парови.

Овој истражувач дошол до заклучок дека кога основните потреби на мажите и жените се исполнети во бракот, тој брак функционира многу подобро и партнерите се почитуваат повеќе. Тој изјави дека има 5 потреби и кај мажите и кај жените, некои се различни, а некои се слични. Еве за што станува збор:

Прва потреба: Кај жената тоа е потребата за нежност, а кај мажот е потребата за интимност. Овие две потреби се тесно поврзани, но сепак се многу различни и двете треба да бидат исполнети, со цел сопружниците да бидат среќни во заедничкиот живот.

Втора потреба: Кај жените, тоа е потребата за разговор, а кај мажите подготвеност да се забавуваат. На жената ѝ треба маж што ќе ѝ биде поддршка, па затоа е многу важно да има добар и отворен разговор со него. На мажот му е потребна жена која нема само да седи дома, туку ќе сака да тргне во непланирана авантура со него.

Трета потреба: Оваа потреба е иста и за мажите и за жените, а тоа е искреноста. На партнерите им е потребна вистината, и во секојдневните работи и во итни случаи; и во малите нешта и во големите работи – искреноста пред сè!

Четврта потреба: Двајцата партнери треба да се чувствуваат удобно и пријатно во својот дом и во врската. Ако има некоја ситница поради која не се чувствувате така, работете на тоа, во спротивно партнерот кој не се чувствува пријатно, ќе го побара тоа на друго место.

Петта потреба: Жената има потреба нејзиниот маж да биде стабилна поддршка, а на мажот му е потребно неговата сопруга да му се восхитува. Најважно е дека треба искрено да му се восхитувате; дури и ако е тоа мала работа, важно е да му дадете до знаење дека тој е вашиот херој.

извор:кафепауза.мк

To top