По правило, човек веќе треба да биде прилично сигурен во саканата личност кога ќе ја побара нејзината рака. Тој избира романтичен датум, купува скап прстен што веројатно ќе ѝ се допадне на партнерката, размислува што ќе каже во моментот на запросувањето, а по целата таа напорна работа, очекува награда со две букви: „Да!“ и во никој случај никој не помислува дека неговата понуда ќе биде одбиена.
И покрај ова, некои луѓе добиваат негативен одговор при запросување. Жените што ги одбиле понудите за брак, на Reddit ги отвориле своите срца, па прочитајте ги нивните приказни.
1. Запросувањето како ултиматум
„Тој ми рече дека ќе ја изрази неговата љубов кон мене само кога ќе се омажам со него. Тоа за мене беше знак дека тој се исплаши“.
2. Запросување заради поколение
„Имав 16 години и не бев бремена. Тој ме запроси дополнувајќи дека може да го довршам училиштето откако ќе добиеме дете“.
3. Лошо чувство
„Имав чувство дека тој има проблеми со агресијата, а покрај тоа, не се согласував и со неговата мајка. Некако тој беше премногу близок со неа. Тој стана насилен алкохоличар неколку години откако се разделивме. Дури ми украде и пари за да ѝ даде на мајка му да плати сметки… Дознав за тоа само неколку месеци подоцна. Како и да е – се ослободив од темпираната бомба!“
4. Прерано
„Штотуку завршив училиште и бев во врска со војник што го запознав додека одев на училиште. Бевме само 3 месеци во врската кога тој ме запроси. Тој беше убав и можев да си замислам иднина со него, но периодот од само 3 месеци беше прекраток за нас, иако долго време бевме пријатели. Му реков дека сè уште не сум подготвена, а тој потоа никогаш повторно не ми проговори“.
5. Погрешен момент
„Бевме пред раскинување кога тој одеднаш ме запроси. Имавме проблеми во врската веќе неколку години. Неговиот глупав пријател го убедил да ме запроси, затоа што тоа требаше да ги реши проблемите како со магично стапче. По одбивањето, се скаравме и јас се оддалечив од него.
Меѓутоа, кога нешто ќе изгубите тогаш почнувате да го цените и во нашиот случај тоа беше така. Ги расчистивме проблемите, повторно се преселив кај него и се венчавме по 2 години. Во брак сме 24 години, имаме 2 ќерки и 1 син“.
6. Различни сфаќања за животот
„Кога ме запроси, ми се појави пред очи иднината со него и не ми се допадна. Тој беше добар човек и јас го сакав, но сакавме различни нешта од животот. Веќе неколку години бевме заедно, но неговото запросување многу ме изненади. Мислев дека тоа беше негов обид да ја спаси нашата врска“.
Извор: кафепауза