Дали жените треба да користат вибратор? Иако вибраторот без сомнеж е најпопуларната играчка за возрасни во светот, што помага во постигнувањето на максимално сексуално задоволство, сепак стручните лица сметаат дека жените треба да се воздржуваат од употреба.
Во последно време има се повеќе истражувања што предупредуваат дека претераната употреба на вибраторот кај жените сепак не е добра идеја. Според експертите претераната употреба на вибратор може да го направи клиторисот помалку осетлив, односно да ја намали неговата чувствителнсот на природна стимулација.
Постигнувањето на оргазам со рачна стимулација навистина станува потешко по употребата на оваа играчка за возрасни, а исто така го намалува и уживањето, односно почетната фаза на возбудувањето пред самиот оргазам.
Силниот вибратор сите фази на оргазмот може да ги „притисне“ во мошне краток временски период, а ако тоа ви се случува, експертите предупредуваат некое време да престанете да го користите, за да го потсетите вашето тело на побавното, но мошне возбудливо постигнување оргазам по пат на „природна“ клиторична стимулација.
извор:нетпрес.ком.мк