Љубов и Секс

Зошто жените ги привлекуваат доминантни партнери?

Зошто жените ги привлекуваат доминантни партнери?

Ако ве привлекуваат подоминантни партнери – не сте сами, тоа им се допаѓа на повеќето жени – вели Мариен Брендон, терапевт за врски…

МариенБрендон, терапевтка за врски, додава дека доминантен маж не мора да биде оној од филмот „50 нијанси сиво“, туку и оној што е поотворен во кревет од жената, која лесно ги искажува своите желби и фантазии , и лесно ја зазема лидерската позиција. И еве зошто жените го сакаат тоа. МариенБрендон објаснува дека постои еволутивна предиспозиција за ова. Ова е нејзината теорија:

– Жените се раѓаат со ограничен број на јајца, за разлика од мажите, кај кои се произведува сперма во текот на целиот живот и имаат неограничено снабдување. Затоа жените имаат тенденција да бидат селективни во однос на спротивниот пол, па затоа несвесно ги избираат оние за кои сметаат дека ќе бидат „ефективни“ кога станува збор за продолжување на видот. Треба да се напомене дека тестостеронот, машки хормон, исто така е поврзан со доминација, затоа тоа е нормална улога и за мажите. Научниците, се разбира, не тврдат дека сите жени бараат доминантен партнер, туку дека овој инстинкт е напишан некаде во човечката ДНК.

Конечно, тука е социјалната компонента: и покрај напредокот на феминизмот, кој се залагаше за родова еднаквост, традиционалните улоги на мажите и жените сè уште се видливи во интимните односи. Романтичните романи и филмови кои прикажуваат смел, доминантен машки лик, кој заведува и носи победа над женски лик, сè уште се многу популарни.

А во една студија на американски научници, повеќето жени изјавија дека сакаат доминантна личност за нивен партнер бидејќи неговото лидерство го зајакнува нивното чувство за самопривлечност, тие се чувствуваат посакувани и заштитени покрај него. Современиот аспект на животот, во кој жената е исто така многу уморна и зафатена, го враќа доминантниот маж во прв план: кога ќе се врати дома од работа, уморна жена сака само да има разговор или да го направи првиот чекор во врската ако се на почетокот на приказната да ја зеде и да ја одведе во кревет. И нема ништо лошо во сето тоа – велат експертите за врска.

извор:попара.мк

To top