Љубов и Секс

Зошто се заљубуваме во колегите? Еве што е вклучено во флертот и кога треба да престанете – на работа важат „други“ правила

Зошто се заљубуваме во колегите? Еве што е вклучено во флертот и кога треба да престанете – на работа важат „други“ правила

Ако работното време ви е од 9 до 17 часот или кој било друг термин од осум часа, големи се шансите дека со колегите поминувате повеќе време отколку со пријателите, цимерите, семејството односно партнерот.

Некои истражувања покажуваат дека потребно е со некоја личност да поминеме 200 часа за да ја сметаме за пријател, па нема да биде изненадување ако со некои од колегите формираме и поблиски односи.

 

Околу 17% од луѓето имаат и „партнер на работа“ односно личност со која се многу блиски, со која се допишуваат, зборуваат за работа, но и за други секојдневни работи и за личниот живот.

 

Некои од тие односи може да станат и поинтимни, па според едно истражување од 2014 година спроведено во соседна Србија, речиси 50% од испитаниците пријавиле дека имале врска со колега или колешка.

 

Една возрасна личност во просек поминува најмалку 1.680 часа годишно на работното место, што значи дека со колегите оминувате повеќе време отколку со кој било друг. Со некој од нив може да развиете симпатии поголеми од заедничките интереси и пријатното друѓтво.

 

Секојдневното поминување време заедно ни дава и можност да ги видиме овие луѓе во различно издание, но и да ги запознаеме подобро.

 

Тоа значи дека имате можност да ги видите како реагираат на стресни ситуации, кога се соочени со проблем, кога се под притисок, како се однесуваат кон другите…

 

Тоа што поминуваме многу време со колегите може да ни помогне „да го спуштиме гардот“ и да дозволиме и другиот да нѐ запознае нас, а тоа е поволно за развивање на романтична блискост.

 

Во некои компании е строго и јасно кажано од управата дека романтичните врски меѓу колеги во фирмата се забранети. Но, и да нема ваква официјална забрана, луѓето сепак ретко се одлучуваат да почнат врска со некој од работа, а и кога се случува тоа, не кажуваат.

 

Стравувајќи од осуда и поинаков третман од останатите на работното место, 76% од луѓето кои имале врска со колега или колешка го криеле тоа, а 10% од овие случаи завршиле со брак.

 

Има уште причини зошто луѓето не се решаваат да почнат врска на работното место или одлучуваат да ја скријат: се плашат да не си ја нарушат репутацијата, ако врската заврши ќе биде непријатно да се работи со поранешниот партнер, ќе бде потешко да се преболи и слично.

Извор: Попара.мк