Љубов и Секс

Зошто мажите губат интерес во бракот?

Зошто мажите губат интерес во бракот?

Не е тајна дека повеќето женети мажи после извесно време губат интерес во бракот и кон партнерката. Во кои моменти на мажот почнува да му станува досадно и почнува да не ја забележува жената до него?

Секој ја знае приказната дека мажот сака со очите, жената со ушите. За да го задржи вниманието на мажот жената треба да биде секогаш секси и во добра форма. Прво заради себе си и својата самодоверба, после и за својот партнер.

Недостаток на конкуренција и што значи тоа? Ако партнерот загубил интерес кон вас, значи ви треба нова тактика. Излегувајте почесто со пријателките, без да му звоните на секои 30 минути за да го прашате што прави тој. Натерајте го да се прашува каде сте и со кого, односно да предизвикате доза љубомора кај него, што секако ќе предизвика искри во врската.

Понатака, потребни ви се нови емоции, доживувања и патувања. Разнообразете го сексуалниот живот, пробајте нови пози, играчки и места. Ако вие не се погрижите на вас да ви е убаво, нема кој друг да го направи тоа.

Љубомората ја убива и најсилната љубов. Нормално е понекогаш да има малку љубомора, но само ако има причина за тоа. Безумната љубомора не е романтична, напротив, може да биде причина за одалечување и разделба…

Недостатокот на лично пространство е еден од силните фактори, па затоа обезбедете еден на друг малку лично време. Секој човек има потреба понекогаш да биде сам со своите пријатели, па затоа не правете драма од тоа. Тој излегува, излезете и вие.

извор:боза.мк

To top