Повеќето луѓе се љубители на книги, но заради прекумерните обврски немаат време да читаат книги. Покрај тоа, тука е и константна опседнатост со социјалните мрежи како Фејсбук, Инстаграм, Твитер и Пинтерест коишто го одземаат вниманието и ја намалуваат концентрацијата. Сепак, науката е на страната на оние коишто читаат.

Сите експерти и научници се согласни: Читањето е многу важно! Доколку сакате да продолжите да се развивате како личност, морате да читате книги! Истражувањата покажуваат дека луѓето коишто читаат книги имаат подобра меморија и подобри умствени способности во сите полиња од животот.

Покрај тоа, луѓето што читаат процентуално се подобри говорници и имаат поголема успешност при нивните јавни настапи и нивниот мозок подобро и побрзо работи отколку кај оние кои воопшто не читаат.

Уште една од поволностите од читањето книга е фактот што читањето книга им помага на луѓето полесно да се справат со несониците. Едно истражување од 2009 година покажало дека само 6 минути читање го намалува стресот за цели 68% (повеќе од слушањето музика и пиењето чај) и со тоа го прочистува умот и го подготвува телото за спиење.

Според психологот Дејвид Луис, причината за ова е фактот што книгата не е само одвлекување на вниманието, туку активно вклучување на фантазијата на начин на кој човекот влегува во сосема друго ниво на свесност. Не е важно дали читате биографска книга, наука или бестселер, ефектот на книгата е подеднаков, без разлика на тоа што читате.

Се разбира, условот е дека мора да ви се допаѓа книгата. Кога умот е дел од свет кој е составен од зборови, напнатоста ја снемува и телото се релаксира, а тоа е совршен рецепт за добар и мирен сон.