Наизглед за сите вообичаените положби како мисионерска и јавачка, жените ги оцениле многу лошо.
Над 1.200 читателки на магазинот „Women’s Health“ ги оцениле петте најлоши пози во сексот.
1. Doggy style
Жените тврдат дека оваа поза во сексот е премногу болна. Причината за тоа е тоа што пенетрацијата е предлабока, па има повеќе штета отколку корист. Навеле дека оваа положба не дава доволно интимност. За да спречите болен секс во оваа поза, одржувајте ја пенетрацијата кратка и плитка, а не длабока и брза.
2. Јавачка
Оваа поза е оценета како небезбедна поради несигурноста. Често се грижите за тоа како вашето тело изгледа од перспектива на партнерот којшто лежи.
3. Превртена каубојка
Во оваа поза тешко е да ги мрдате колковите поради обратната положба. Позата за многумина звучи секси и авантуристичка, но реалноста е малку поразлична. Кога партнерот се обидува да пенетрира може да дојде до тешкотии поради закривеноста на пенисот којшто не продира во вагината како што треба. Секојпат кога пенисот ќе се свитка прениско, тоа за вас и партнерката може да биде болно и непријатно.
4. Мисионерска поза
Во оваа поза жените потешко доживуваат оргазам поради тоа што пенисот послабо го стимулира вистинското место, особено доколку мажот има помал полов орган. За да се подобри, под задникот партнерката нека стави помала перница. Исто така колковите треба да бидат кренати нагоре и така пенетрацијата ќе биде подлабока.
5. Поза 69
Жените заклучиле дека во оваа поза потешко може да го достигнат својот оргазам затоа што истовремено се обидуваат да го задоволат партнерот. За задоволство и постигнување на оргазам важна е и состојбата на умот. Исто така полесно е да доживеат оргазам доколку целосно се фокусирани само на него, пишува „Women’s Health“.
извор:точка.ком.мк