Експертите наведуваат дека токму оваа поза жените треба да ја практикуваат доколку сакаат да доживеат оргазам.
Станува збор за мисионерска поза. Иако интернетот е полн со совети како да задоволите жена во кревет, ова засега е единствениот научно докажан, вели д-р Лори Минц, авторка на книгата за женски оргазам „Becoming Cliterate: Why Orgasm Equality Matters – And How to Get It“.
А, дека жените со тоа имаат проблем покажале неколку студии во текот на времето, една била спроведена пред неколку години на 800 американски студенти, а резултатите велат дека жената во текот на сексот оргазмот го доживува само 39 отсто од времето, додека мажот 91 отсто од времето кое го поминува во водење љубов.
Иако понекогаш секако и дека глумат оргазам за да ги поштедат чувствата на партнерот, женското задоволство не е тајна работа и сите треба да бидат запознаени дека не може секоја жена да доживее оргазам од пенетративен секс.
Тоа го потврдило и едно истражување кое вели дека жените почесто постигнуваат оргазам во кревет со други жени, отколку со мажи, а друга студија докажала дека скоро 80 отсто од жените не можат до климаксот без стимулација на клиторисот.
За да проверат која поза е најпогодна за оргазам, во оваа студија истражувачите од приватната гинеколошка клиника „New Medical“ во Њујорк на испитаниците им го следеле дотокот на крв во клиторисот за време на сексот во различни пози, вклучувајќи мисионерска, каубојка и „doggy“.
Тие користеле ултразвучен скенер и со него откриле дека клиторисот најмногу се полни со крв, што е клучно за оргазмот, во текот на мисионерската поза.
извор:точка.ком.мк