Љубов и Секс

Жените со овие 3 карактеристики може да го освојат секој маж

Жените со овие 3 карактеристики може да го освојат секој маж

Надворешен изглед, шминка, облека…да, сето ова привлекува внимание. Но, само на прв поглед.

Мажите денес бараат и нешто повеќе кај жената со која сакаат да поминуваат време заедно. Тие велат дека доколку ги имате овие три карактеристики, може да го освоите секој маж.

Насмевка

И тоа не бесмислено кикотење на сите негови смешки, туку онаа искрена насмевка од срце. Нема ништо поубаво од насмеана жена која го топли срцето. Нема ништо поубаво од тоа да си дојдеш дома кај насмеана партнерка.

Сексапил

И тоа не мислиме на тесно фустанче во кое не можеш да дишеш, ниту на највисоките нови штикли во кои едвај се движиш.

Сексапил е енергијата која една жена ја поседува и со која може да ги привлече мажите како магнет.

Можеш да бидеш сексапилна и со пижами, и во фармерки и маичка, и без шминка. Доколку го имаш „она нешто“ секој маж може да биде твој.

Самодоверба

Кога маж ќе пронајде жена со самодоверба, велат дека нема шанси да одолее. Жената која се сака и цени себеси е фатална.

Таа чекори храбро, со крената глава, не ја интересира кој ја гледа и што зборуваат за неа.