Истражувањата докажаа дека просечното траење на сексот е помеѓу 5 и 8 минути, но дали е тоа доволно за жената маскимално да ужива во сексот? Дознајте во продолжение на текстот.
Неколку студии докажале дека кај повеќето парови сексот трае помеѓу 5 и 8 минути, но не вклучувајќи ја предиграта која е важна за целосно сексуално уживање.
Со оглед на денешниот забрзан ритам на живеење, не е чудно што уживањето во интимните моменти со партнерот се сведуваат на неколку кратки минути, но следниве податоци би требало да ги мотивираат паровите за разменувањето нежности и сексуалните односи со саканата личност да не ги сведуваат само на механичка работа и брза акција.
Имено, за целосно да бидат задоволни и максимално да уживаат во сексот, жените сакаат самиот сексуален чин да трае подолго.
Истражувањето на магазинот „Journal of Sex Research“ открило дека жените прво сакаат предигра која ќе трае од 11 до 13 минути и потоа од 14 до 16 минути сексуален однос од моментот на пенетрација. Тоа би значело дека вкупниот секс со предигра мора да трае барем од 25 до 30 минути.
„Секогаш ги поттикнувам паровите да уживаат во долга предигра пред самиот сексуален чин. Колку повеќе предигра, толку е повисоко нивото на возбуда и полесно ќе постигнете оргазам“, советува Иан Кернер, сексуален и брачен терапевт.
извор:кармин/точка.ком.мк