Љубов и Секс

Жените откриваат со каков тип на маж го доживуваат најдобриот оргазам

Жените откриваат со каков тип на маж го доживуваат најдобриот оргазам

Поентата на истражувањето била да се открие кои особини на мажите се поврзани со овозможување добар оргазам.

Новото истражување спроведено на 103 жени на возраст од 20 до 69 години открива еден интересен и досега непознат факт за женскиот оргазам.

Иако мажите мислат дека женскиот оргазам е се уште несфатен и мистерија, жените откриле дека еден тип на маж некако секогаш успева да ги задоволи. Како што покажуваат резултатите од прашалникот на кој одговарале исклучиво жени кои се слободни, најдобриот оргазам го доживуваат со мажи кои се – духовити.

Поентата на истражувањето била да се открие кои особини на мажите се поврзани со овозможување добар оргазам, а оние кои се шегуваат, водат забавни разговори и се емотивни и креативни се покажале како најдобри љубовници.

Студијата е објавена во списанието „Socioaffective Neuroscience & Psychology“.

Како што тврдат експертите, таквите мажи повеќе се трудат околу жените во креветот и не се себични, пренесува „IFL Science“.

извор: точка.ком.мк

To top