Љубов и Секс

Жените открија што ги доведува до оргазам: „Подобро е од вагинален секс“

Жените открија што ги доведува до оргазам: „Подобро е од вагинален секс“

Сексот за многумина значи чин на пенетрација на пенисот и вагината, но тој всушност е многу повеќе од тоа.

Во истражувањето за секс објавено во 2017-та година, над 80 отсто од жените признале дека не можат да постигнат оргазам само со вагинална пенетрација, туку дека за постигнување оргазам секогаш им е потребна дополнителна стимулација.

Жените за британски „Metro“ откриле што ги доведува до оргазам.

„За мене тоа е зголемувањето на возбудливоста пред сексот, особено со новиот партнер. Го сакам чувство на адреналин кога некако знаете дека нешто ќе се случи и навистина ве привлекува таа личност, а потоа полека ја става раката на вашата нога, а вие едноставно знаете што следи“ – изјавила Беатриче.

Луси изјавила дека најмногу ја возбудува допир:

„Раката на партнерот на колковите или околу струкот е нешто најубаво“ – признала таа.

Со неа се согласила и Шарлот која што изјавила дека сепак најмногу сака допирање на нејзините гради:

„Тоа мора да биде стимулација на брадавиците, бакнување на вратот, било што, но да вклучува и допири на моите гради“.

Ден открила дека повеќе сака орален секс отколку вагинален, а Амбер истакнала дека важно е добро да знае да се бакнува партнерот.

„Искрено многу повеќе ги сакам другите работи отколку пенисот во мојата вагина. Бакнување, допирање на телото“ – изјавила таа.

извор:супермен/точка.ком.мк

з

To top