Љубов и Секс

Зеленото чудовиште: Зошто стануваме љубоморни во врска?

Зеленото чудовиште: Зошто стануваме љубоморни во врска?

Кога зеленоокото чудовиште ќе се појави во вашиот живот, тоа може силно да се одрази на вашата врска и вашата психа.

Доктор Роберт Л. Лехи во неговата книга „Лек за љубомора“ вели дека станува збор за нешто повеќе од тоа дека на едниот од вас „му шараат очите“ – почесто љубомората има врска со нашите карактерни особини.

„За љумобора се потребни тројца“, вели тој. „Се случува кога едниот во врската се чувствува загрозен од трета страна. Или некој од партнерите е заинтересиран за трета личност, или третата личност покажува интерес за некој од партнерите. Некогаш се случува и едното и другото.“

Лехи ја разграничува романтичната љубомора во две категории: сексуална љубомора и љубомора за емотивна блискост.

Според него, мажите најчесто „ги фаќа“ првата, а истражувањата покажале дека кај жените има поголем ризик да ги обземе љубомора од вториот тип.

И двата типа на љубомора се јавуваат како резултат на несигурност во врската, вели тој.

Тие несигурности може да бидат: нејасни очекувања, небалансирани нивоа на посветеност, претходни искуства со напуштање и претходни искуства со предавство.

„Во мали и умерени дози, љубомората може да биде знак на приврзаност, посветеност, па дури и љубов“, смета Лехи.

„Понекогаш и самите сме виделе како некој го тестира партнерот за да види дали ќе покаже љубомора и во мали дози тоа е нормално.“

Тоа најчесто се провоцира со изјава како: „Нема да ми биде гајле ао спиеш со други луѓе“.

„Кога ќе го слушнете ова, најчесто помислувате дека на другиот не му е гајле за врската или дека планира да спие со други луѓе“, вели Лехи и додава дека кога мажот замислува дека неговата партнерка би можела да има секс со некој друг, тоа е најчестиот „провокатор“ на љубомора кај хетеросексуалните мажи.

Жените може да бидат љубоморни на сличен тип на сексуално невертво, но се чувствуваат ососбено загрозени од емотивна блискост на партнерот со друга жена.

„Жените стравуваат дека тој ќе се заљуби во друга жена, не дека ќе спие со неа.“

Извор: Кајгана.мк

To top