Радио Милева Мајчински чувства...

„Желбите од мајката се непроменливи“: Адријана Алачки со емотивна роденденска честитка до синот (фото)

„Желбите од мајката се непроменливи“: Адријана Алачки со емотивна роденденска честитка до синот (фото)

Пејачката и ТВ водителка на кулинарското шоу „Вкусот на традицијата“, Адријана Алачи вчера имаше посебен ден за радост и славење – роденденот на нејзиниот син Благоја.

Таа на својот Фејсбук му напиша емотивна роденденска честитка во која ги опиша своите мајчински чувства и желби кон својот наследник. Во прилог на убавите зборови, таа дополни и неколку нивни заеднички фотографии.

фото:адријана алачки/фејссбук

-Синко, кога беше мал беше едноставно да ги искажам желбите за тебе и остварам.Но на возраста на која си сега желбите од мајката се непроменливи, но се е во твоите раце за нивната реализација. Одговорно и храбро пред себе, само ти можеш да ги исполниш и да стоиш цврсто пред твоите планови и одлуки. Се зависи од тебе. Биди ми здрав и жив, пишува мама Андријана во емотивната роденденска честитка до синот.

фото:адријана алачки/фејссбук

Инаку, Адријана Алачки од бракот со Горан Алачки ги има постарата ќерка Грациела и помалиот син Благоја кој го наледи музичкиот талент од родителите и свири на гитара.

To top