Повеќето мажи мислат дека е тешко да ги разберат жените и да сфатат што навистина сакаат. И точно е, жените се многу мистериозни и не е лесно да се разбере што сакаат отпрвин, но тоа не значи дека не знаат што заслужуваат и кои се нивните очекувања.
Кога мажот доволно добро ќе ја запознае својата поубава половина и ќе разбере што всушност ја прави среќна, тогаш таа се чувствува сакана и е подготвена да ви го отвори своето срце.
Доколку сакате, но не знаете како да ја направите вашата сакана посебна, сакана и среќна, прочитајте ги следните три работи што треба да ги направите.
1. Нека се чувствува безбедно
Многу е важно жената да знае дека вие сте нејзиното мирно засолниште и дека не постои нешто што може да ја повреди кога е со вас. Изненадете ја по напорниот работен ден – направете ѝ вечера, играјте филм и подгответе шише вино.
Прегрнете ја, бакнете ја во чело и шепнете ѝ дека се ќе биде во ред.
2. Поддржете ја
Прашајте ја дали има нешто што отсекогаш сакала да направи и почекајте го нејзиниот одговор. Можеби не размислувала за тоа, но ќе биде среќна што воопшто сте ја прашале тоа.
Дајте ѝ до знаење дека сте заинтересирани за нејзините желби и дека ќе ја поддржувате секоја од нив и ќе имате волја да и помогнете да ги постигне.
3. Бидете нејзин најдобар пријател
На жените им е многу важно во партнерот да имаат пријател на кој ќе можат да му кажат се што им пречи. Ако знае дека вие си нејзиното рамо за плачење и дека секогаш ќе ја слушате – нејзината среќа никогаш нема да заврши.
Ако ги покажете овие знаци на внимание на вашата девојка, таа ќе ви даде двојно повеќе љубов, бидејќи сте го освоиле нејзиното срце и сте направиле да се чувствува посебно и сакано.
извор: попара.мк