Доколку спаѓате во оваа група жени на кои им е потребно многу време и труд да достигнат оргазам, тогаш обидете се да го зачините вашиот сексуален живот со помош на некоја од овие нови пози. Вие истовремено ќе ги разгорите старите страсти помеѓу вас и вашиот партнер и ќе воведете нови возбудувања под чаршафите, надополнети со интензивен оргазам.
1. Перек
Додека жената лежи на левата страна, левата нога ѝ е свиткана, а со десната го прегрнува мажот, така што таа нога допира до пределот на неговиот стомак. На тој начин нозете ќе ѝ бидат доволно раширени за тој да има целосен пристап до клиторисот, овозможувајќи ѝ поголема возбуда.
2. Змеј
Оваа поза е исклучително погодна за стимулирање на Г-точката. Жената треба да биде на колена, како што би се наместила за кучешката поза, на самиот раб од креветот. Мажот стои на своите нозе и со помош на своите бутини ги притиска нејзините колена, спојувајќи ги со цел да го зголеми триењето, а со тоа и вашето задоволство.
3. Исправувач
Во оваа поза жената треба да лежи на стомак, со лицето насочено кон креветот. Нејзините колена треба да бидат превиткани, а колковите малку подигнати. За поголемо уживање, можете да поставите перница под колковите, со цел мажот полесно да пенетрира.
4. Столб
Мажот треба да легне на својот грб и едната нога да ја свитка кај колената, а другата да ја исправи. Жената треба да биде свртена со грб кон него, така што десната нога ја превиткува кај колената, а левата ја префрла преку другата нога на мажот. Оваа поза потсетува на обратна каубојска, само што е на спротивната страна. Жената може да се придржува за коленото на мажот, овозможувајќи подобро задоволство и за двајцата.
извор:кафепауза.мк