Аферите всушност можат да го подобрат бракот, тврдат 77% од луѓето кои учествувале во новото истражување спроведено на веб страната Illicit Encounters. Помеѓу испитаниците кои сметаат дека изневерувањето влијаело кон подобрување доминираат мажите, пренесува The Sun.
Две третини од оние кои изневеруваат велат дека имаат среќна врска и покрај тоа што “си играат”, а само 33% од зафатените рекле дека се во несреќна врска.
Истражувањето кое опфатило 2.000 љубовници откриле дека жените често велат дека се сѐ уште во среќен брак и покрај аферите, односно 71 % од нив во споредба со 63% од мажите.
Мажите доминираат во ставот дека аферата го подобрила нивниот брак, а 81% рекле дека изневерувањето е добро за нив во однос на 72% од жените.
Истражувањето исто така покажало дека и покрај тоа што признаваат дека го изневеруваат партнерот, 94% би биле бесни доколку откријат дека партнерот исто така ги изневерува.
Џесика Леони, која работела на ова истражување рекла: “Не сум шокирана што среќните луѓе изневеруваат. Прељубниците не сакаат да ги напуштат своите партнери, тие сакаат само дополнително да го зачинат својот живот”.
извор: точка.мк