Љубов и Секс

Во кој период од животот сексот е најдобар?

Во кој период од животот сексот е најдобар?

Кога е во прашање сексот, секоја доба носи нешто убаво, ама и нешто помалку убаво. Но, не треба да очајувате – сексуалниот живот не завршува во четириесеттата година.

Познатата сексуална терапевтка Tracey Cox, истакнува дека секое животно доба има свои предности и недостатоци кога е во прашање сексот. Помладите можеби мислат дека сексуалниот живот завршува во 40-тите или 50-тите, но тоа не е точно. Во кое доба од животот се достигнува сексуалниот врв? Одговорот на ова прашање никој не го знае и е строго индивидуален.

Доцните тинејџерски години

Нема некоја голема сексуална техника во ова доба, но затоа има исклучително многу возбуденост, бидејќи сексот е новост во овој стадиум од животот. Првите оргазми кои се карактеристични за оваа доба, се паметат засекогаш. Но, оваа доба има негативни страни – губење на невиноста во лоши околностите, неисполнетите очекувања, незнаење, физичка непријатност, па дури и болка.

Дваесеттите

Сексуалниот живот во дваесеттите изгледа многу подобро, посебно за самците, а повеќето обично се токму во тој статус. Тоа е доба на вљубеност, страсен и чест секс; техниката за нијанса е подобра, а тогаш почнува и експериментирањето.  Но, тоа е и доба на слободен секс, кој со себе го носи ризикот од полови болести, ама и време на бесмислени односи, како и не секогаш добар и квалитетен секс.

Триесеттите

Ова е време на сериозен секс, а кога велиме сериозност, тоа значи зрелост, познавање на своето и телото на партнерот, ама и познавање на сексуалните желби. Во ова доба многумина оформуваат семејство, а сексот во бременоста може да биде одличен. Лошата страна  е тоа што во триесеттите може да се појави монотонијата, ама и недостаток на секс како резултат на грижите околу децата.

Четириесеттите

Во ова доба, децата веќе не се мали, па родителите повторно ја откриваат магијата на сексот. Наклонети се кон остварување на фантазиите и експериментирање; блискоста е многу поголема, а тоа овозможува навистина добар секс. Недостатокот на ова доба е тоа што кај голем број на мажи се појавува проблемот со ерекцијата. Сексот може да трпи и како резултат на промените во врската – ако работите не функционираат, тоа се одразува на интимноста.

Педесеттите

Во ова доба од животот, клучни се вистинските партнери и правилен став кон сексот. Истражувањата покажуваат дека некои луѓе токму во ова време го доживуваат најдобриот секс – се уште се во полна снага, се ослободиле од сите комплекси, имаат поголема слобода и имаат помалку животни проблеми. Лошата страна е менопаузата кај жените и здравствените проблеми со кои се соочуваат мажите. Сето тоа силно се одразува на половиот живот.

Шеесеттите, седумдесеттите…

Сексот не престанува во златните години. Напротив, ако луѓето се витални и здрави, сексот може да биде одличен и во третото доба од животот. Бројните истражувања покажуваат дека многумина во таа фаза ја доживуваат својата нова младост, а посебно во сексот. Единствениот проблем би можело да биде нарушеното здравје и ако не се доволно подвижни.

извор:порара.мк

To top