На Јутјуб неодамна се појави видео од бебе кое плаче од среќа, бидејќи за прв пат го слуша гласот на својата мајка.
Девојчето Чарли е родена глува, а со брза интервенција на родителите и лекарите, набавен е апарат за слушање.
Апаратот веќе го променил нејзиниот живот на подобро, а целиот свет ја виде реакцијата која многумина ги расплака.
Родителите на Чарли одлучиле да го снимат моментот кога девојчето за прв пт го слуша гласот на својата мајка, која и вели дека ја сака, а на праањето дали кога ќе порасне ќе биде емотивна како неа, бебето кимнува со главата.
Видеото до сега е гледано преку 7 милиони пати.