Љубов и Секс

Утврдена е идеалната разлика во години меѓу партнерите

Утврдена е идеалната разлика во години меѓу партнерите

Се поголема е веројатноста за прекин или развод меѓу партнерите кога разликата во годините е поголема, покажува најновото истражување спроведено на 3000 луѓе.

Во врските во кои старосната граница е пет години веројатноста за развод е 18 отсто, додека партнерите кај кои разликата е 10 години, имаат 39 отсто веројатност за прекин на врската.

Најлоши резултати, односно 90 отсто веројатност за прекин имаат оние парови каде разликата е 20 или повеќе години разлика.

Најдобрата разлика меѓу партнерите е една година, па таквите парови имаат само 3 проценти шанса за прекин.

Експертите веруваат дека причина за ваквите резултатите е фактот што луѓето во различни делови од животот сакаат различни работи и имаат поинакви животни вредности.

To top