Раскинувањето никогаш не е лесно, особено ако сте со таа личност долги години. И точно е, на човек му треба одреден период за добро да размисли за таквата одлука и колку и да е сигурен во неа, не е лесно да ја донесе и да ја каже гласно.
Иако жените се поемотивни и потешко носат вакви тешки одлуки, особено од ваков вид, љубовните експерти велат дека кога жената ќе одлучи дека е готово, дефинитивно е готово.
Ако се сомневате во љубовта на вашата партнерка, побарајте суптилни знаци дека таа се откажува од вас и од врската пред да биде предоцна.
Не ве вклучува во социјалниот живот
Ако некогаш постојано сте излегувале и оделе заедно на вечера со пријателите, а таа веќе не ве кани на заедничките собири, можеби треба да бидете загрижени. Како што вели „Yourtango“, таа ја пополнува празнината што почнала да ја чувствува за вас поминувајќи време со други луѓе.
Вашето мислење повеќе не ѝ е важно
Некогаш сте биле нејзино рамо за плачење и првата личност која секогаш ги дознавала нејзините проблеми. Таа често ги слушала и применувала вашите совети, но тоа веќе не е така.
Ако се обидете да ѝ кажете нешто корисно и таа брзо „ве прекине“, јасно и гласно ви кажува дека не ѝ е грижа. Внимавајте оваа реакција да не ве натера да мислите дека тоа е добра работа, бидејќи таа презема повеќе работи на себе. Вие сте тим, а тимовите донесуваат одлуки заедно.
Избегнува интимни односи
Во врските, нормално е дека понекогаш има повеќе, а понекогаш помалку страст. И тоа не е ништо страшно. Меѓутоа, ако забележите дека постојано ја боли глава, стомак или не е расположена за интимност, обидете се да разговарате за тоа, бидејќи има големи шанси да се отвори и искрено да ви каже за што се работи.
Извор: Точка.мк