Следниот пат имајте ги предвид овие совети. Жените непрекинато се бунат кога нивниот партнер по сексот заспива затоа што тие тогаш сметаат дека на репертоарот доаѓа интимно време посветено на зближување.
Верувале или не, постои научно објаснување зошто машкиот род секогаш брзо потонува во сон по сексуалниот однос, а постојат дури и неколку совети со помош на кои ќе можете да го спречите во тоа.
Наиме, целосно е нормално и мажите и жените да се чувствуваат поспано по сексот, особено бидејќи сексот знае да биде физички и емотивно исцрпувачки.
Доколку не сакате вашиот партнер веднаш да се “комира“ тогаш следете ги следните совети:
1. За почеток избегнувајте секс во темна соба затоа што присуството на светлото може да им пречи на сигналите кои поттикнуваат хемиски процеси за подготовка за сон.
2. Избегнувајте секс доцна навечер затоа што не е толку чудно доколку тогаш желбата за сон се појави веднаш по сексуалниот однос. Подобро имајте секс рано наутро или попладне.
3. И конечно, имајте секс пред оброкот – чувството на глад вас и вашиот партнер ќе ве држи подолго будни, а добро познато е дека полесно заспиваме тогаш кога сме сити.
извор:точка.ком.мк