Љубов и Секс

Три работи што никогаш не треба да му ги кажете на маж

Три работи што никогаш не треба да му ги кажете на маж

Во врската треба да имате на ум дека понекогаш секој збор е важен, па дури и најбесмислената реченица може да ги расипе односите. Експертите ги советуваат жените никогаш да не кажуваат одредени реченици на своите партнери.

Делата се најважни во врската, но добро е познато дека и зборовите можат да заболат, повредат и на крајот да уништат сè. И затоа експертите за врски ги советуваат жените да не им ги кажуваат следните реченици на своите партнери.

Ти си мамин син

Тешко е да се забавувате со маж кој за сè бара поддршка од мајка си, но ако веќе сте го направиле тој избор, застанете на негова страна. Кажувајќи му го очигледното, нема да го натерате да се промени и ризикувате да ја изгубите блискоста.

Погледни колку е згодна оваа девојка

Наизглед безопасна, оваа реченица има уништено многу врски, бидејќи ниту еден одговор што ќе ви го даде партнерот нема да ве задоволи. Ако каже дека дотичната не е нешто, а притоа ве потсетува на вас, ќе се чувствувате изневерено. Не му се пишува добро дури и ако се сложи со вас затоа што може да предизвика љубомора, потоа преиспитување на неговиот вкус и завршен удар во стилот „Па што правиш со мене кога не сум твој тип?”

Биди маж

Најопасната реченица што некогаш можете да ја кажете. Сигурно е дека сте во искушение, особено ако се повторуваат ситуации во кои делува збунето и неподготвено. Обидете се да го охрабрите, мотивирате, поддржите бидејќи апелот „Биди маж“ ќе ја уништи не само врската, туку и мажот во неа.

Извор: Попара.мк

To top