Луѓето кои се во брак веројатно се свесни колку е потребно да се вложат труд и работа во него. Од оној момент кога ќе го кажете судбоносното „да“ на вашиот партнер, не сте си ја осигурале среќата до крајот на животот.
Бракот бара многу жртви, компромиси и посветеност за да успее, а понекогаш напорите кои ги вложуваме не функционираат. Па, најчесто во тие моменти се случува да добиеме совети и предлози како да ги подобриме работите. Иако најчесто тие совети се добронамерни, некои е подобро да ги игнорирате.
Кои три совети за „среќен“ брак не треба да ги слушате?
Две недели или два месеца без секс не мора да значат дека постојат проблеми во вашиот брак. Но, сексот е важен дел од брачниот живот и ако подолго време изостанува, тоа не е во ред и веројатно значи дека сепак постои некаков проблем.
Ако вашиот сексуален живот скоро и да не постои, време е за разговор со сопругот за заедно да дојдете до одговорот на прашањето што точно се случува и како да го решите проблемот. Во спротивно, работите можат да станат посериозни, а последица може да биде и емоционални оддалечување.
Со други зборови кажано, кога и да сте заедно правете нешто посебно – планирајте викенд во природа, романтична вечера и слично. Прашањето е дали навистина сакате постојано да бидете под притисок дека мора да наравите нешто магично за паметење секогаш кога сте заедно?
Па, и обичните активности не се лоши. Исчистете го домот заедно или излезете на семејна прошетка.
Овој совет луѓето често го даваат кога во нечиј брак работите ќе тргнат на лошо. Ова е еден од советите кои никако не треба да ги слушате. Ако вие и сопругот минувате низ лош период, постојано се расправате, оддалечени сте ден од друг детето можеби ќе ги реши вашите проблеми, но само на краток период. Кога на почетната возбуда ќе дојде крајот, ќе воскреснат сите проблеми кои сте ги имале пред раѓањето на бебето, како и некои нови. Родителството само по себе е стресно и понекогаш е доволно само односот да биде нарушен.
Значи, решението не е да се фрлите на „правење дете“, туку на поправање на вашиот меѓусебен однос.
Извор:Кајгана.мк