Повеќето експерти сметаат дека некои детали од љубовната врска или бракот сепак треба да останат меѓу партнерите и не треба да ги споделуваме со другите, дури и ако се најдобри пријатели.
Многумина од нас имаат потреба да им ги кажат сите наши проблеми на нашите пријатели. Без разлика каква е природата на проблемот, се чувствуваме подобро кога им се доверуваме на оние кои најдобро не разбираат, а најчесто сепак зборуваме за љубовни проблеми.
Сепак, многу експерти сметаат дека некои детали од врската треба да останат меѓу партнерите и не треба да ги споделуваме со другите.
1. Расправии со семејството на партнерот
Сите понекогаш имаме замерки за однесувањето на пр. свекрва или снаа, но ова треба да го задржиме за себе. Во природата на луѓето е да заземаат одбранбен став кога станува збор за нивното семејство и никогаш не можете да знаете дали коментарот што сте го кажале некому во доверба ќе допре до партнерот или семејството и ќе предизвика незадоволство.
2. Сексуална фантазија на партнерот
Фантазиите треба да бидат тајна бидејќи тоа е најинтимниот дел од сексуалниот живот. Понекогаш на партнерите им требаат години да им се доверат и да очекуваат тоа да остане ваша заедничка тајна, а не тема на разговор.
3. Приватни информации
Те молам чувај го ова меѓу нас, тоа е реченица која не обврзува да чуваме тајна. Без разлика за што се работи, доколку партнерот бара од нас дискреција, тогаш ние сме должни да ја почитуваме неговата желба.
4. Лична непријатност
Чувајте ги за себе информациите за лошиот здив или лошиот мирис на стапалата. Поточно, учтиво кажете му на партнерот што ви пречи затоа што само тој треба да го слуша, а не вашите пријатели. Тоа се проблеми кои можат да се решат и нема потреба да создавате непријатни ситуации, особено ако се работи за работи кои и онака го прават партнерот да се чувствува несигурно.