Роберт Спасенцовски, име кое доколку му се додаде префиксот „сопругот на Антониа“, веројатно за повеќето би било појасно за кого станува збор. Сепак, тоа на Роберт не му пречи, бидејќи тој реално и е сопругот на нашата позната пејачка со која неодамна се оставија во улогата на родители.
Роберт е дипломиран музичар, негов прв инструмент е хармониката, постојано активен на сцена, но и во создавањето музика за себе која ја претставува под уметничкиот превдонимот Џокер.
Изминатите месеци откако се заедно со Антониа, како сопружници и родители на наследникот Киан, за брачната двојка редовно осамнуваат наслови во медиумите, особено за нивната приватност.
Токму за ова, Роберт проговори и откри дека во денешно време ретко кој би останал резервиран за социјални мрежи, па и тој, но најчесто останува без реакција дури и кога нешто не му се допаѓа.
– Искрено не реагирам никако. Почитувам секакви мислења и секакви ставови –зборувам за искрени. Обично не читам, ама нормално на Фејсбук сум исто така активен и кога ќе налетам на некоја објава со 150 коментари, секој ќе ке погледне нели? Но, страшно ме вади од памет кога ќе прочитам, вулгарни коментари полни со омраза и толку погрдни зборови од некои возрасни жени, да не речам тетки, со фотографии со деца на нивните профилни и кавери.Си велам: „ Добро бе, па стварно не капирам?!“ Ама, небитно, на крајот од денот пак се смеам, и ќе продолжам да се смеам, вели Роберт во интервју за „Женски магазин“.
Неодамна го прослави својот роденден, кажа дека подготвува нова песна која ќе биде изненадување за публиката, а откри и како се снаоѓа во улогата на татко.
Повеќе прочитајте на линкот…