Велат дека мајките роденденот на своето чедо го доживуваат иато како свој, дури и многу посилно, подлабоко, поемотивно…
Пејачката и докторка Симона Поповска вчера го имаше баш тој специјален ден – роденден на нејзиниот мал принц Никола кој наполни 2 години. Мама Симона беше преплавена од измешани чувства, лавина емоции и спомени кои прелетуваа низ нејзините мисли, а ги доживуваше како да беа вчера, од моментот кога нејзиниот Никола дојде на свет.
Дека мајчинската љубов не се опишува, туку само може да се редат зборови до бескрај кои секогаш ќе останат недокажани, Симона тоа го пожажа преку честитките кои едвај можше да ги заврши со точка.
-Среќен 2-ри роденден мој малечок принц! Тешко е да се поверува колку брзо поминува времето. Се чувствувам како вчера за првпат да те држев во рацете. Денес си љубопитно момче и авантуристички тодлер кој сака да го истражува светот околу себе. Секој ден е нова авантура и е привилегија да се внимава на тебе додека растеш и учиш, пишува мама продолжува да ги опишува само мал дел од моментите кои се богатството во нивниот живот:
-Го славиме твојот специјален ден. Да ги негуваме сите прекрасни моменти кои ги споделуваме како семејство. Од гушкање и приказни за заспивање, до заеднички игри. Овие моменти ќе останат со нас засекогаш. Ти си посебен и специјален. Те сакаме повеќе од што може да се каже со зборови, вели таа, а тука почувствува дека може да се дополни со уште една фотографија со наследникот и да објави уште една јавна честитка.
-Среќен 2-ри роденден мое малечко момче. Нека твојот ден биде исполнет со љубов, насмевки и многу торта!
Роденденот не помина без прослава и тоа со омилените ликови од Дизни, Мики, Мина, Паторот…
И секако најдрагите, другарчињта, играта и секако дувањето на роденденската свеќичка за која е мал да замисли желба, но мама и тато сигурно го направија за него и за најдоброто што може да се посака.
Среќен роденден!
фото:Инстаграм принтскрин/Симона Поповска/ zonde.photo