Бидете мудри и внимателни ако имате намера партнерот да го обвините за неверство. Сомнежот е дозволен, но во вакви незгодни ситуации тешко се докажува.
Главно тоа се сведува на игра „мојот збор против твојот“. Овие знаци речиси сигурно откриваат дека партнерот изневерува или има намера тоа да го стори.
Помалку секс
Никој, освен Супермен, не може да одржува паралелни врски. Ако водењето љубов е сè поретко, тоа е основниот знак дека партнерот има „друг извор“. Кај мажите не се подразбира дека има љубовница, бидејќи жените во голем број случаи откриле зависност од порнографски сајтови и филмови. Но, се подразбира дека во таквата врска има проблеми.
Ја крие листата на повици
Довербата е нешто на кое се темели секоја врска. Така во совршениот свет би било нормално вашиот партнер да не мора да крие дека повремено се допишува со бившата/бившиот која во меѓувреме се омажила/оженил. Но, ако тој/таа секогаш скока кога ќе му/и заѕвони телефонот, ја крие листата на повици и пораки….тоа е алармантно.
Ненадејно познанство
Пеперутки во стомакот и „љубовна возбуда“, тоа никој не може да го сокрие. Затоа ако во вашите животи, низ разговор, ненадејно се појави некој и ако за таа личност, која може да биде колега, колешка… се зборува, зборуваме за потенцијален кандидат за нова романса.
Шестото сетило е ненадминливо!
Луѓето имаат интуиција која е вроден инстинкт да се дознае нешто кое не е во ред. Затоа ако почувствувате дека „срцето не ви е на место“, немојте тоа да го игнорирате. Тоа чувство главно е точно и може д аве одведе до проблемот.
Недостапен/на
Врската подразбира повремено оддалечување, разни нагорни и надолни моменти, но ако почувствувате провалија помеѓу вас, проблемот треба да се сфати сериозно. Ако не се смее како порано, замислен/а е и расеан/а, соочете се со вистината дека е тешко да се делат чувствата со некој кој веќе не ви е драг.
Глумење худини
Ако се измислуваат „деловни патувања“ и често се оди на некој семинар, презентација… до загрижувачка мерка, тоа значи дека партнерот ве изневерува (освен ако не е екстремно успешен бизнисмен, лекар, математичар). И ако утврдите дека тоа не е случај, размислете дали сакате да бидете покрај некого кој никогаш не е тука.
Пријателите се однесуваат чудно
Пријателите ќе му/и бидат верни, ќе ја затскриваат романсата, но ќе се однесуваат чудно. Во повеќето случаи не можете да очекувате дека отворено ќе застанат на ваша страна, но и таквото однесување ја разоткрива вистината.
Лаги за ситници
Ако го фатите партнерот во некоја ситна лага, довербата се руши. Секако не треба веднаш да го отпишете. Простете му, но немојте да заборавите. Ако грешката се повтори, тоа е модел на однесување кој сигурно води кон неверство. Затоа направете си услуга и оставете го.
извор: попара.мк