Љубов и Секс

Секси совети за сите оние жени кои се премногу мрзеливи за да бидат горе

Секси совети за сите оние жени кои се премногу мрзеливи за да бидат горе

Секако, понекогаш се случува навистина да немате сила, но да имате желба за секс и веројатно целата работа да му ја препуштите на вашиот партнер. Нема потреба да се чувствувате лошо поради тоа, бидејќи на секого понекогаш му се случува. Сепак, она што не го сакате е да бидете лоша девојка, односно онаа која целата напорна работа ја става на грбот на својот маж.

Прашањето е што можете да направите ако сте премногу мрзеливи или уморни за да бидете горе? Всушност, многу. Постојат голем број работи што можете да ги примените за да останете активни за време на сексот и да ја покажете својата посветеност. Во следните редови ви пренесуваме фантастични совети поради кои ниту еден маж никогаш нема да почувствува дека сте пасивни за време на сексот со него.

Користете ги ноктите – Можете да направите многу додека сте на грб, под него. Доволно е да имате многу мали нокти кои можете да ги користите како ваше секси оружје. Изгребете му ја кожата, но сепак бидете доволно нежни да не го повредите.

Движете ги колковите под него – Иако сте во „подредена“ положба, секогаш имате можност да ги движите колковите и да поставите ритам кој ви одговара. Можете да го следите и ритамот што тој го поставува, доколку сакате уште повеќе да му угодите.

Оставете дел од алиштата – Ако сте доволно мрзливи да се качите на него, бидете исти и кога ќе се соблекувате. Зошто? Овој чин води до тоа да не му е целосно достапен секој дел од вашето тело и нешто е препуштено на имагинацијата.

Не штедете на бакнежи – Можеби нема да можете да го бакнувате по целото тело бидејќи ве заробил под него, но можете да го опсипете со бакнежи по вратот, рамената, градите, ушната школка и секако усните.

Остварете контакт со очи – Друга прекрасна предност на оваа поза е можноста за контакт со очите со саканата личност. Ќе му биде неодоливо да ве гледа право во очи притоа да ви пружи задоволство.

Користете ги прстите за да го зголемите интензитетот – Ако ви е тешко да доживеете оргазам во мисионерска поза, секогаш можете да ги користите прстите за дополнително да се стимулирате. Не грижете се за вашето момче, тој со задоволство ќе ве гледа како го правите тоа.

Допирајте си ги градите – Кога работите ќе станат навистина возбудливи со една или со двете раце, можете да ги зграпчите градите, под услов тој веќе да не се занимава со нив. Самата слика на вашите раце кои ги допираат градите ќе го доведе до екстаза.

Поминете со прстите низ неговата коса – Уште еден детал што не треба да го заборавите е тилот кој копнее по вашиот допир. Можете исто така да поминете со двете раце низ неговата коса и да го затреперите.

извор:попара.мк

To top