Луѓето со потекло од Окинава имаат најдолг животен век и неретко живеат повеќе од 100 години. Еве која е нивната тајна…
Религиозните луѓе живеат подолго
Религиозните луѓе живеат до 6 години подолго од атеистите, тврдат истражувањата од Универзитетот во Охајо. Без разлика дали верувате во нешто духовно или политичко, научниците велат дека токму тоа ни помага да се справиме со стресот. А стресот е превенција за многу болести!
Сексот е спасот, а најдобро е да го практикувате два пати неделно
Луѓето кои имаат сексуално односи помалку од еднаш месечно имаат дупло поголеми шанси да умрат порано за разлика од оние кои ги практикуваат два пати неделно.
Оженете се
Кај женетите мажи постојат помали шанси за појава на срцеви заболувања, за разлика од оние кои не се во брак.
Една чашка дневно за подолг живот
Додека честото опивање го скратува животот, чашата вино го продолжува. Американските кардиолози сметаат дека една чаша црно вино кај жените и две чаши кај мажите го намалуваат ризикот од болести на срцето.
Дружете се
Блиските пријателства и квалитетните семејни односи го продолжуваат животот. Пријателите се нашата емоционална поддршка и ни помагаат да се справуваме со стресот, а тоа се одразува и на нашето стареење.
Престанете да јадете кога ќе почувствувате дека сте речиси сити
Луѓето со потекло од Окинава имаат најдолг животен век. Па, која е нивната тајна? Престануваат со јадење кога се 80% сити.
Пејте секој ден
Научниците од Харвард и Јејл откриле дека членовите на хорови живеат подолго, затоа што пеењето го намалува стресот – главниот причинител на многу болести.
Памет во глава, чаша вино во рака и уживајте со песна и пријатели за долг и здрав живот!