Ако кажете или направите нешто од овие листи, голема е веројатноста дека секс нема да има.
Сосема е во ред да бидете искрени, но некои работи не треба да се кажуваат во кревет…
Британскиот таблоид The Sun спроведе истражување во кое учествуваа повеќе од 2.000 испитаници. Од нивните одговори, избрани се десетте најчести „убијци“ на расположение (и оргазам) во кревет, кај мажите и кај жените.
Што ги „оладува“ мажите, а што жените? Ова се десетте најчести секс блокади:
Секс блокади за жените
1. Кога мажот ќе го спомне сексот со бившата
2. Кога мажот се однесува како сексот да завршил кога тој ќе доживее оргазам
3. Домашни миленици во собата
4. Праќање разголени фотографии без да бидат побарани
5. Признание дека бил неверен во врските претходно
6. Лош здив или непријатен мирис на телото
7. Прашањето: „Дали ќе свршиш наскоро?“
8. Скришно гледање порно
9. Кога мажот не сака да стави кондом, иако тоа било побарано од него
10. Однесување како протагонист во порно филм.
Секс блокади за мажите
1. Инсистирање на секс во темница (кога таа ги исклучува сите светла)
2. Апсолутна тишина за време на сексот и кога жената воопшто не се движи
3. „Бапска“ долна облека
4. Признание дека била неверна во врските претходно
5. Поголем интерес за мобилниот телефон отколку за партнерот
6. Домашни миленици во собата
7. Лоша лична хигиена
8. Кога партнерката не го остава „да дише на раат“
9. Недостаток на самодоверба
10. Глумење оргазам.
извор: Кајгана