Радио Милева свадбени ѕвона

Се жени синот на Аца Лукас – ова се деталите за свадбата, а меѓу гостите ќе бидат и двете најголеми естрадни „непријателки“?

Се жени синот на Аца Лукас – ова се деталите за свадбата, а меѓу гостите ќе бидат и двете најголеми естрадни „непријателки“?

Синот на Аца Лукас, Лазар Вуксановиќ наскоро ќе заплови во брачните води со својата избраничка, пишува телеграф.рс

Лазар на својот Инстаграм објави дека ја побарал за сопруга својата девојка Ана со која е во врска неколку месеци.

Како што пишуваат српските медиуми, венчавката ќе биде на 6-ти март.

-Свадбата на Лазар требаше да биде на 5-ти март, но поради обврските на Лукас за „Песна за Евровизија 2022“ која ќе се одржи на 5-ти март, свадбата е поместена за на 6- ти март.Тие двајца долго време се заедно, па овој чекор е очекуван, а покрај тоа тие очекуваат и принова, вели извор близок на пејачот и додава:

-Парот на вечна љубов ќе се заколне пред Бог во црквата на Карабурми во присуство на родителите, кумовите и неколку членови на семејството. Прославата ќе биде во ресторан.

Лукас се огласи по повод овие пишувања.

-Точно е, го женам синот и се радувам. Поради Беовизија го променивме датумот на прославата, изјави Лукас за телеграф.рс

Според пишувањата на медиумите, на свадбата се поканети и Светлана Цеца Ражнатовиќ, Драгана Мирковиќ, Саша Матиќ, Ацо Пејовиќ и многу други.

Лазар до неодамна работел како таксист, а сега работи во кол центар во една компанија.

фото: Инстаграм/vuk.lazar/aleksandar_vuksanovic_official/srbija danas

To top