Радио Милева Радост најголема!

Прво, па машко: Македонскот пејач кој важеше за „кршач на женски срца“ стана татко (фото)

Прво, па машко: Македонскот пејач кој важеше за „кршач на женски срца“ стана татко (фото)

Младиот и шармантен пејач Филип Пешевски на кој медиумите знаат да му го доделат епитетот „кршач на женски срца“, стана татко.

Убавата вест ја сподели неговата колешка Антониа Гиговска која преку објава на кусите приказни на Инстаграм откри дека Филип добил наследник и им честиташе на тазе родителите. Прво, па машко за Филип и мама Ирина.

Пејачот приватноста ја креиеше како змија нозете, па оттука тоа дека станал татко, е изненадување како гром од ведро небо.

Медиумската експонираност Пешевски реши да ја тргне од својот живот, веројатно со големите животни промени, девојката, а сега и мајка на неговото дете.

Ако некогаш го полнеше својот профил на Инстаграм со разголени фотографии од мускулестото торзо, сега тато Филип го затворил својот профил како приватен, исто и неговата избраничка, па оттука се поставува прашањето дали Пешевски освен што се тргна од социјалните мрежи и публиката на витуелен начин, планира да се тргне и од музиката.

Сега родителските обврски за најубавото нешто кое може човека да се случи се пред него, а тоа што се стави во медиумска илегала, сега останува на „стенд-бај“.

За потсетување, Филип Пешевски последно го гледавме со својот настап на „Макфест“, а исто така го издаде и синглот „ Тешко мене без тебе“ заедно со Лила Филиповска.

фото:Инстаграм принтскрин/ирина фарина/Јутбуб/ Лила Филиповска/Антониа Гиговска

To top