Во моментот кога сексуалниот однос при самиот врв е завршен, жените понекогаш може да заплачат. Неретко се прашуваат што не е во ред со нив, но експертите уверуваат дека тоа е сосема нормална работа.
Семејната терапевтка и експерт за брак Рејчеј Рајт објаснува дека плачењето обично се смета за знак на тага, но всушност е знак со кој телото порачува дека искусило премногу од некои емоции, без разлика дали станува збор за страв, возбуда или болка.
„Плачењето е емотивно потење, но многумина сметаат дека потењето доаѓа во непријатен момент“, вели Рајт и наведува причини поради кои жените најчесто плачат во текот или по сексот.
-полудени хормони
-сте испиле некоја чашка повеќе, па сте ја отвориле кутијата на емоции
-навистина сте опуштени и уживате.
-се чувствувате поврзани со партнерот
-тагувате за нешто
-ве боли, болниот секс може да предизвика плачење па потребно да користите лубриканти или да одите полека
-ве боли, но на добар начин
-се срамите
-многу сте среќни
-сте се потсетиле на нешто тажно, можеби сте преживеале сексуален напад или ви се случило нешто додека сте биле мали, но сте заборавиле.
извор: кајгана