Бидејќи празничната еуфорија се шири од ден на ден, вниманието ни го окупираат модните парчиња што би можеле да ги носиме на Новогодишната ноќ, а ние забележавме дека коктел-фустаните и необичните блузи, кои ја прават основата на атрактивните празнични облеки оваа сезона, се „зачинети“ со многу впечатлив детаљ – тоа е секако, огромна машна.
Машната е детаљ кој носи доза на разиграност и шарм на секој аутфит, што ќе се согласите дека е и повеќе од потребно во текот на зимската сезона кога, бидејќи како по правило, сите ние посегнуваме по удобни, класични и што е можно поедноставни парчиња облека. Затоа времето на забави и коктели е вистинското време да се повлечеме од комфор зоната и да се одлучиме за атрактивна облека со која ќе влеземе во Новата година со целосна самодоверба.
извор:попара.мк