Љубов и Секс

Повеќето жени „се палат“ на ова, а нема да ви признаат: Мажите немаат поим со што можат да ги доведат до лудило

Повеќето жени „се палат“ на ова, а нема да ви признаат: Мажите немаат поим со што можат да ги доведат до лудило

Повеќето жени ќе се согласат дека кај мажот со кој се во врска, или кој што им се допаѓа, сакаат сè од глава до петици, но некои делови од телото сепак им се подраги од другите.

Очи

Прво нешто што го забележуваат жените кај мажот се очите, а преферираат големи сини очи со долги трепки и изразени веѓи. На некои дами особено им се привлечни водени трепки, кога мажот ќе излезе од вода, а на неговите густи трепки има капки вода.

 

Усни

Не копнеат само мажите за женски усни како што се на пример оние на Анџелина Џоли – и жените сакаат мажи со полни сочни усни, не само поради убавиот изглед туку и поради некои интимни уживања кои со нив можат да си ги пружат.

 

Јазик

Со убавите усни доаѓа и примамливиот јазик. Многу жени се сложуваат дека јазикот е најсилниот мускул во машкото тело, а особено го ценат неговото вешто користење за време на оралниот секс. Некои дами уживаат во оралната пенетрација. Затоа сите момци кои се плашат дека нивниот пенис не работи баш најдобро, може да го повежбаат јазикот.

 

Раменици

Истражувањето потврдило дека жените најмногу ги привлекуваат мажи кои додека се движат „фраерски“ ги мрдаат рамениците. Жените се сложуваат дека убаво градени, широки раменици се знак на сила и мажевност, и таквите им се најдраги.

 

Гради

Познато е дека мажите се палат на женски гради, но и жените имаат слабост кон машките гради. Многу жени признаваат дека ги пали кога гледаат облечен маж и замислуваат како изгледаат неговите „јуначки“ гради. Начинот на кој им паѓа маицата или кошулата преку градите открива многу за тоа што се крие одоздола.

 

Бицепси

Изразените бицепси не се показател само на сила, туку даваат до знаење дека мажот води грижа за своето тело. Со бицепсите работата е слична како и со градите. Жените сакаат да претпоставуваат што се крие под дуксерот или маицата со кратки ракави кога може да го видат почетокот на вретенестито мускул.

 

Дланки

Убави, цврсти, големи, негувани – има ли жена која не би посакала маж со такви раце? За жените е многу важно какви раце има мажот бидејќи тие многу зборуваат за него. На пример, набљудувајќи ги неговите дланки жената може да претпостави со каква работа се занимава мажот и колку се грижи са својата хигиена.

 

Стомачни мускули

Абдоминалните мускули исто така се пожелни, иако не се императив – некои жени сакаат мажи со стомаче. Стомачните мускули заедно со грбните го држат `рбетот, а тоа значи дека колку се тие посилни, толку е посилен и `рбетот. Значи од нивната сила зависи и вкупната функционалност на организмот, а жените ги привлекуваат мажи чиј организам е во добра состојба.

 

Задник

Уште еден доказ дека жените и не се разликуваат толку од мажите – и тие сакаат да го фатат мажот за задникот. Некои жени сакаат задник со облик на полумесечина, други повеќе се палат на благо заоблени, а повеќето се сложуваат дека атлетичарите имаат „најслатки“ задници.

 

Пенис

Еве неколку женски барања кога станува збор за пенисот: да е со нормална големина, не преголем, но и не премал, да не е премногу жилав, да е дебел и да е со слична боја како и остатокот од телото. Една од работите кои жените повеќе ги нагласуваат од големината на пенисот е гениталното подрачје да е убаво средено.

 

Па…да слушнеме мислења, машки и женски!

Извор: Попара.мк

To top