Вашиот сексуален живот не е таков како што сте посакувале? Задоволните жени ви ги откриваат тајните кои можат да ви помогнат.
Пред да го обвинувате партнерот дека не се труди доволно, размислете дали вие сте можеби виновникот за тоа што задоволството секогаш ви бега. Сексуално задоволните жени се водат по овие правила, учете од нив.
Секогаш сакаат повеќе
Истражувањата покажаа дека сексуално задоволните жени имаат секс неколку пати неделно, но две од пет сакаат повеќе. Покрај тоа, тие имаат тенденција постојано да се чувствуваат секси.
Препорака- носете секси долна облека во текот на целиот ден.
Довербата не е проблем
Задоволните жени не страдаат од мала самодоверба. Дури четири од пет сметаат дека се многу секси и привлечни. Ако мислите дека вашето тело е грдо или полно со целулит нема да сакате да го покажувате.
Препорака-научете да се цените себеси.
Знаат што сакаат
Тие знаат што сакаат, а 87% не се плаши тоа да го каже. Охрабрете ја вашата отвореност за секси разговори во секојдневните ситуации.
Препорака-Ако сеуште се срамите да разговарате, со невербални гестови покажете му на партнерот што сакате.
Задоволство пред оргазам
Оргазмот не е од суштинско значење за сексуалното задоволство на жената. Три од четири припаднички на понежниот пол кажуваат дека добриот секс го прави оргазмот помалку потребен. Затоа опуштете се поради тоа што лежерниот пристап ви обезбедува поголема шанса да го достигнете врвот.
Препорака- што повеќе мислите за оргазмот тоа сте подалеку од него.
Големината не е важна
Само 7% од сексуално задоволните жени кажуваат дека големината на пенисот е клучна за задоволството на жената. Другите 93% објаснува дека можат да бидат задоволени и на други начини.
Препорака-страста е поважна од големината.
извор: нетпрес