Љубов и Секс

Пост-сексуална депресија кај жени

Пост-сексуална депресија кај жени

Колку што сексуалниот однос може да пружи уживање и задоволство, толку и периодот после сексот може да биде лош за жените.
Станува збор за негативни емоции, тага, раздразливост и анксиозност, кои жените ги доживуваат после сексуалниот однос. Неодамна спроведеното истражување покажало дека пост-сексуалната депресија се јавува кај 46 отсто од жените, што значи дека ја доживува речиси секоја втора жена.

Пред пет години било направено слично истражување кое покажало дека една третина од жените доживуваат пост-сексуална депресија дури и по задоволителен сексуален однос, што значи дека новото истражување само ги потврдило овие тврдења.
Некои научници веруваат дека ваквата состојба кај жените има и еволутивна функција.

Пост-сексуалната депресија не е ретка појава, а често воопшто не е поврзана ниту со трауми ниту со чувство на каење. Всушност, таа не мора да биде поврзана со ништо лошо“, тврди експертот за врски Дениз Ноулс.

Во таквите моменти доаѓа до експлозија на хормоните во телото, тврди таа.

Сексот е многу интимен чин, а оргазмот ослободува многу хормони. Тие хормони, како што наеднаш се покачуваат, така наеднаш и опаѓаат во телото после сексот, па може да се појави чувство на тага“, објаснува Дениз.

Сепак, не е вообичаено таквото чувство да се појавува после секој сексуален однос, па ако тоа е случај, тогаш тоа можеби е проблем кој е поврзан со самиот однос помеѓу партнерите.

извор:нетпресс.ком.мк

To top