Љубов и Секс ЉУБОВ И СЕКС

Подобрете ги вашите интимни односи!

Подобрете ги вашите интимни односи!

Постои едно нешто што можете да го направите секое утро за да ги подобрите вашите интимни односи. Така барем тврди тренерот за врски Лила Дарвејл.

Таа вели дека решението е да се внесе барем малку предигра во утринската рутина. И таа предигра тогаш не мора да води до секс.

Може да се искористи за понатамошно поврзување со партнерот и може да биде само бакнеж, прегратка одзади, шепотење под туш … што ќе ви го зачини денот и позитивно ќе влијае на вашиот сексуален живот.

Лила вели дека луѓето многу често ја поврзуваат предиграта со неопходниот почеток на интимна врска, а тоа воопшто и не треба да биде така. Предиграта всушност е таму за да ја разбуди сексуалната желба и енергија, па дури и да не се случи веднаш по неа, пренесува Pink.rs.

И кога размислувате да започнете предигра, излезете од вашата спална соба. Во никој случај не ја ограничувајте сексуалната енергија на секс и играјте со неа во секое време од денот користејќи ги веќе споменатите бакнежи и шепотења.

Затоа, предиграта е многу повеќе од будење на сексуалната енергија. Може да помогне да се поврзете со вашиот партнер и не треба само да ги извршувате обврските од списокот, туку авантура во секое време кое ви одговара.

To top