Љубов и Секс

Пет причини зошто мажите изневеруваат дури и кога ја сакаат својта жена

Пет причини зошто мажите изневеруваат дури и кога ја сакаат својта жена

„Тој ме сака и никогаш не би ме изневерил“, тоа го мислат повеќето жени, но мажите размислуваат поинаку. Тие можат да ја изневерат дури и жената која ја обожаваат. Зошто го прават тоа? Можеби ни ним тоа не им е баш најјасно, но некои од нив и покрај љубовта која ја чувствуваат, секогаш ќе ги искористат моментите за афери надвор од бракот.

Незрелите мажи моногамијата не ја дозволуваат сериозно, туку и пристапуваат како на нешто на кое можат но и е мораат да се придржуваат, зависно од околнотите. Зошто е тоа така?

1. Незрели се

Ако мажот нема искуство со долги врски и досега бил само во површни љубовни односи, не е ни свесен дека прељубата ќе има неизбежно болно влијание врз него. Незрелите мажи моногамијата не ја доживуваат сериозно, туку на неа и пристапуваат како на нешто на кое можат но и не мораат да се придржуваат, зависно од околностите.

2. Не се среќни во врската, но не сакаат да раскинат

Многу жени ќе кажат дека тоа што го сакате својот партнер не е единствен предуслов за среќа. Многу парови ги прекинувале своите љубовни односи без обзир на тоа што се сакале, но карактерно воопшто не си одговарале. Кога мажите ќе влезат во таква врска, најчесто не сакаат отворено да зборуваат за тоа и немаат храброст да ја прекинат врската. Затоа четопати се впуштаат во неверство бидејќи знаат дека жената нема да може да помине преку тоа и декка сама ќе го прекине односот со нив.

3. Мораат да го нахранат своето его

Несигурните мажи секогаш очекуваат потврда дека се доволно добри, згодни, паметни, способни… Наместо таа желба за потврда да ја насочат кон своите девојки, тие се впуштаат во неверство барајќи други жени. Во тој момент се чувствуваат пожелно и вредно и така го хранат своето его.

4. Себични се

Партнерот може да ве сака, но тоа не значи дека сте му приоритет во животот. Во некои случаи мажот е сам на себе прв на листата приоритети и поради тоа во ситуација во која има можност за афера не ни размислува за тоа како ќе се чувствува неговата девојка. Себичните мажи се способни да ги чуваат своите тајни без каење и жалење бидејќи знаат дека искреноста ќе ги доведе во проблеми кои сакаат да ги избегнат.

5. Посериозни проблеми

Понекогаш прељубата е резултат на долготраен проблем од сериозна природа. Секоја зависност влијае врз способноста на носење рационални одлуки, посебно ако станува збор за сексуална зависност која мажот треба да ја лечи со помош на стручно лице.

To top