Љубов и Секс

Пет идеални начини за дамите кои сакаат да одбијат маж

Пет идеални начини за дамите кои сакаат да одбијат маж

Секоја жена го знае чувството кога еден маж може да биде многу напорен доколку сака да се запознае со неа. Па секој маж кога сака да ѝ пријде на една жена, дамите треба да знаат дека треба да бидат повеќе културни кога ги одбиваат.

Со овие неколку совети на културен начин ќе им дадете до знаење на мажите дека не сте заинтересирани за нив.

1. Кога Ве прашува дали сте за танц

“Не” заменете го со тоа дека се одмарате и дека можеби ќе танцувате подоцна. Уште една опција е пристојно да му се заблагодарите и да му кажете дека имате неудобни обувки.

2. Кога го бара Вашиот број

Зошто тој да го бара Вашиот број, кога можете Вие да го побарате неговиот. Доколку и понатаму инсистира, кажете му дека едноставно не сакате да го давате бројот на лице кое тукушто сте го запознале.

3. Кога Ве прашува што сакате за пиење

Пристојно заблагодарете му се и кажете му дека моментално имате пијалак или дека паузирате од пиење. Доколку го одбиете пијалакот без да му дадете објаснување, можеби ќе делувате нападно.

4. Кога Ве испитува зошто чекате сама

Воздржете се и кажете му дека ја чекате пријателката, па одглумете дека Ви пратила порака и заминете си. Мажите кои го поставуваат ова прашање само чекаат безборазен одговор за да започнат расправија.

5. Кога ќе Ве понуди со нешто што не Ви се допаѓа

Едноставно објаснете му дека не Ви е пријатно да прифатите пијалак или да танцувате со него, бидејќи на Вашето момче тоа нема да му се допадне. Тоа не значи дека навистина треба да имате момче, доволно е тој тоа да го мисли.

извор:точка.мк

To top