Иако сексуалните фантазии и перверзни идеи воглавно им се препишуваат на мажите, ниту жените не се целосно исклучени од приказната.
Немаат само мажите „безобразни“ мисли, туку и голем број жени имаат воздбудливи фантазии. Но за што најчесто фантазираат жените?
Совршен љубовник
Една од најчестите женски фантазии е секс со привлечен и страстен маж кој знае да ја задоволи жената како никој друг. Во таа фантазија мажот може да биде нејзин партнер, странец, пријател, колега или некоја позната славна личност.
Секси странец
На повеќето жени им се допаѓа идејата да се запознаат со мистериозен и секси странец, со кој ќе имаат дива секси авантура и кој никогаш повеќе нема да го видат.
Партнер
Многу жени мечтаат за нивниот партнер, но тоа останува тајна фантазија, затоа што тие мечтаат за нешто што е сосема спротивно од реалноста. Ако нивниот партнер е нежен и внимателен, жените мечтаат за див секс и обратно.
Колега, пријател, поранешен
Женските фантазии за поранешниот, за колегата или за пријателот, па дури и за момчето на најдобрата пријателка, се нешто сосема нормално.
Славна личност или селебрити заводник
Ако не е Бред Пит, може да биде Џорџ Клуни, а ако не е Клуни може да биде Вилијам Леви и Џони Деп… Секоја жена барем еднаш посакала нивните заводнички способности од екраните да се пренесат во креветот.
Страстно трио
Секс во тројка не е само популарна машка фантазија, туку и жените сакаат уште една личност во кревет – барем во фантазиите.
извор:нетпресс.ком.мк