Јавноста на големо се интересира за состојбата на принцезата Кејт Мидлтон откако пред еден месец беше оперуирана на абдомен. Вчера кралската палата излезе со соопштение дека активностите на Мидлтон во голема мреа ќе бидат ажурирани, што дополнително ги подгреа инересите на јавноста за нејзината состојба.
Кејт Мидлтон за прв пат се појави во јавноста откако беше оперирана, по што се повлече во својот дом каде закрепнува.
На фотографиите објавени од TMZ во понеделникот, Мидлтон може да се види како носи очила за сонце додека се вози на предното седиште на црн теренец управуван од нејзината мајка, Керол Мидлтон, во близина на замокот Виндзор во Велика Британија.
Ова ги израдува многумина кои ја сакаат Кејт бидејќи во медиумите многу се шпекулираше за нејзиното здравје, а не сме ја виделе од декември.
Кејт носеше големи очила за сонце, но изгледа како да се смешка. Изгледа дека двете излегле сами, веројатно затоа што не сакале да привлечат премногу внимание.
Луѓето се прашуваа каде е принцезата и дали навистина сè отиде како што рече Палатата. Сега на сите им е јасно дека Кејт е добро и дека не станува збор дека е во кома, како што шпекулираа некои странски медиуми.
— media (@ENTplus_) March 4, 2024
Да потсетиме, принцезата од Велс беше примена во лондонската клиника на 16 јануари на операција на абдоменот. Последен пат беше видена во јавноста на 25 декември кога присуствуваше на божиќната утринска богослужба со нејзиниот сопруг принцот Вилијам и нивните три деца – принцот Џорџ, принцот Луис и принцезата Шарлот – во црквата Сандрингам во Сандрингем, Норфолк.
Палатата продолжи да рече дека Кејт „го цени интересот“ што ќе го донесе веста, но додаде: „Таа се надева дека јавноста ќе ја разбере нејзината желба да одржи што е можно повеќе нормалност за нејзините деца; и нејзината желба да ги чува личните медицински информации приватни.“
Потоа минатата недела беше објавено дека Кејт се уште добро закрепнува, што сега го потврдуваат и овие фотографии.
фото:Instagram printscreen/ Te Royal family/Twitter/ Screenshot / Youtube / The Prince and Princess of Wales/Facebook/ Kate Middleton